Top Sport

Џејмс и Кливленд се вратија со доминантна победа (видео)

Враќањето во Кливленд дефинитивно им годеше на кошаркарите на Кавалирс, кои успеаја да ја намалат предноста на Бостон во финалето на Источната конференција по доминантната 116:86 победа.

По лошите први два меча, Кливленд започна фуриозно и предноста од почетокот на мечот ја зголемуваа во текот на целиот меч за да покажат дека не се подготвени да го предадат сонот за титулата.

Леброн Џејмс повторно блесна, откако имаше 27 поени, 12 асистенции и 5 скока, но овојпат му се приклучија и неговите соиграчи – Корвер со 14, Лав и Хил со 13 и Смит со 11 поени. Кај гостите, Џејсон Тејтум имаше 18 поени, а Розир 13.

Дуелот продолжува со четвртиот меч во понеделник навечер.

Scroll to Top