Жозе Мурињо официјално е невработен, така што не изненадува што има време да се потсмева со навивачите на Ливерпул на годишнината од славната победа на Челси од 2:0 на „Енфилд“ во 2014 година.
Со таа победа, Челси стави крај на низата од 11 победи на Ливерпул, а уште поболно до неа дојдоа откако првиот гол Демба Ба го постигна откако Стивен Џерард се излизга на средината на тренот. Тогашниот менаџер на Ливерпул ја нападна тактиката на Мурињо со обвинување дека „паркирал не еден, туку два автобуси“. Мечот ќе се покаже клучен во борбата за титулата, откако во претпоследниот меч од сезоната, по 3:3 ремито со Кристал палас, Манчестер сити стана шампион.
Мурињо, очигледно, не го заборавил мечот: „Енфилд, 27 април 2014. Посед на топката“, напиша „Специјалниот“, кој неодамна доби отказ од Тотенхем.
View this post on Instagram