Top Sport

Мурињо: Среќен што го одбив Милан пред три години

Рома, вчера, доживеа пораз во уште еден дерби меч во Серија А. На „Сан Сиро“, Милан ја победи Рома со 3:1.

Ромјаните со своите грешки му овозможија на Милан да забележи победа и да остане во трката со Интер за шампионската титула.

Рома натпреварот го заврши со двајца играчи помалку, а поразот можеше да биде и поголем доколку Ибрахимовиќ го реализираше пеналот во последните минути од натпреварот.

По натпреварот, на прес конференцијата, Жозе Мурињо, на новинарите им открил дека во минатото имал понуда да го преземе Милан.
„Пред три години, газдата на Милан ми понуди да бидам тренер. Три дена размислував за понудата и реков „не“. Денес сум и повеќе од задоволен што донесов таква одлука“, рекол Мурињо.

Scroll to Top