Top Sport

Фурние постигна 41 кош, Берет со звукот на сирената му пресуди на Бостон

Кошаркарите на Њујорк Никс, во драматичен натпревар, славеа победа над Бостон Селтикс 108:105. Победникот го реши тројката на Ар Џеј Берет во последната секунда.

Бостон, на секунда и пол до крајот, успеа да израмни на 105:105, со поените на Џејсон Тејтум. Потоа топката дојде кај Берет, кој од тешка позиција, преку Тејтум погоди тројка.

Дуелот во кошаркарскиот храм „Медисон Сквер Гарден“, го обележа Еван Фурние. Францускиот репрезентативец постигна десет тројки, натпреварот го заврши со 41 поен и осум скока. Џулиус Рендл постигна 22 поени, Емануел Квкли 16, а херојот Берет 13 поени.

На спротивната страна Тејтум уфрли 36 поени, 20 постигна Денис Шрудер, а 16 Маркус Смарт.

Scroll to Top