Top Sport

Мурињо: Статистиката ја гледаат оние што не го разбираат фудбалот

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, рекол дека отсуството на Пол Погба нема да му биде изговор за поразот во градското дерби со Манчестер сити (3:1).

Мурињо, од непознати причини, во тимот го немаше Погба, кој дербито го следеше од трибините. Сити забележа лесна победа, а од 16.удари кон голот на Де Хеа, три завршија во неговата мрежа.

„Оние што не го разбираат фудбалот го гледаат низ статистиката. Мене тоа не е ме интересира. Важно ми е како се чувствува за време на натпреварот, тој беше отворен до 80.минута. Правевме грешки, но мислам дека не игравме лошо“, рекол португалскиот тренер.

Манчестер јунајтед на табелата има 12 бода помалку од градскиот ривал Сити. По репрезентативната пауза екипата на Мурињо ќе игра на домашен терен против Кристал Палас.

Scroll to Top