Top Sport

Екс-претседателот на Спортинг го организрал тепањето на фудбалерите

Поранешниот преседател на фудбалскиот клуб Спортинг од Лисабон, Бруно де Карваљо, се наоѓа во куќен притвор, бидејќи полицијата имала докази дека, во мај оваа година, ја организирал групата на хулигани која ги нападнале фудбалерите во соблекувалната.

Во нападот на хулиганите беа повредени неколкумина од фудбалерите, а Холанѓанецот Дас Бост од соблекувалната излезе со раскрвавена глава. Мотивите за нападот наводно биле лошите резултати во кои Спортинг се наоѓаше во тој период, кога испадна во четврт-финалето на Лига Европа и отпадна од трката за титулата во домашното првенство.

Инцидентот беше причината што многу играчи го напуштија клубот по завршувањето на сезоната.

Полицијата сега го уапси Караљо бидејќи имала докази дека тој го одобрил нападот врз своите играчи. Одреден му е куќен притвор, бидејќи имало неколку сведоци што тврделе дека Карваљо не само што го дозволил, туку и организирал целиот инцидент.

Играч на Спортинг Лисабон од 2017 година е македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски.

Навивачите на Спортинг ги нападнале играчите

Скандалот во Спортинг добива национални димензии

Scroll to Top