Top Sport

Мурињо за Азар: Одличен фудбалер, но го мрзи да тренира

Жозе Мурињо смета дека белгиската ѕвезда на Реал Мадрид е фантастичен фудбалер, но некој кој не го искористил својот максимум, бидејќи секогаш бил „ужасен“ на тренинзите.

Мурињо му беше тренер на Азар две и пол сезони во Челси, период во кој ја освоија Премиер лигата, Лига Европа и Лига купот. Тој потоа замина во Реал Мадрид во 2019 за 100 милиони евра, но не успеа да има влијание кај „кралевите“ по низата повреди.

„Вистината е тоа што јасно се гледа од него – фантастичен фудбалер, кој е ужасен на тренинзите. Можете да замислите колку ќе беше добар со професионален однос на тренинзите. Тој е одличен човек, но изгледа како да не е од оваа генерација на фудбалери, многу е тивок, фокусиран е на семејството и на тивкиот живот. Кога ќе излезе секое утро на тренинзите, не работи многу, бидејќи го мрзи. Тоа што го гледате е само дел од неговиот талент“, вели Мурињо.

Scroll to Top