Top Sport

Мората: Сите едвај чекаат да ја критикуваат Шпанија

Алваро Мората смета дека Шпанија добива нефер критики од страна на фановите и на медиумите по ново реми на ЕУРО 2020.

Мората, по сите критики кои ги добиваше за својата неефикасност, конечно, постигна гол за 1:0 водство против Полска вчера, но Роберт Левандовски осигура реми за Полска за втор нерешен резултат за „фуријата“ по 0:0 ремито со Шведска. По ова, Жерард Морено ја погоди гредата при изведувањето на пеналот, а Мората не успеа да даде гол по одбиената топка.

„Нема да помогне ако слушаме што зборуваат луѓето, бидејќи сите едвај чекаат да не нападнат и да не критикуваат. Обично, кога големите нации стигнуваат до вакво натпреварување, има чувство на обединетост. Знаеме дека ние сме следбеници на генерација на фудбалски гении кои освоија се што е можно, но мораме да веруваме во нас. Следниот меч е како финале за нас“, вели Мората.

Scroll to Top