Top Sport

Мурињо: Златан во Тотенхем? Што ќе ни е кога го имаме Кејн!

Жозе Мурињо вели дека Тотенхем нема да го донесат Златан Ибрахимовиќ во Лондон, велејќи дека таков трансфер „нема смисла“ бидејќи тие го имаат Хери Кејн.

„Имам многу врски со Ибрахимовиќ. Неверојатен фудбалер, неверојатен човек, но би кажал дека нема шанси такво нешто да се случи. Го имаме најдобриот напаѓач во Англија и нема смисла за напаѓач од калибар на Златан да дојде во тим каде што игра Хери Кејн“, вели Мурињо.

Португалецот работеше со Ибрахимовиќ во Интер и во Манчестер јунајтед, од каде што Швеѓанецот си замина во 2018 за да игра за Лос Анџелес галакси.

Мурињо, пред мечот од ЛШ со Олимпијакос го испофали својот состав.

„Со овие момци никогаш нема да ми е страв во меч од Лигата на шампиони. Но, прво да се квалификуваме за нокаут фазата, а кога моите тимови се во четврт-финале, секогаш имаат шанса. Дадете ми  време да ги развијам моите идеи и нема да имаме проблем да играме со било кој европски клуб. Не се плашиме од никого“, вели Мурињо.

Scroll to Top