Top Sport

Хамилтон доби подарок од Федерер – за да може да го победи својот татко

Луис Хамилтон откри дека добил на подарок тениски рекет од легендарниот Роџер Федерер, за да му помогне да го победи својот татко во партија тенис.

Хамилтон се врати во Англија во текот на викендот пред завршната трка од сезоната, Абу Даби ГП овој викенд и шесткратниот шампион имаше време да се дружи со својот татко и поранешен менаџер Ентони и на Инстаграм го покажа новиот „Вилсон“ рекет кој го добил од Федерер со порака: „Драг Луис, се надевам дека си добро. Сакав да бидам сигурен дека ти ќе бидеш првиот кој ќе го добиеш мојот нов рекет“.

Хамилтон на Инстаграм се заблагодари: „Благодарам многу на Роџер Федерер. Конечно, имам вистинска алатка да осигурам татко ми да не ме победува секогаш“.

Scroll to Top