Top Sport

(Видео) Мурињо ги однесе Рома во ново европско финале

Рома и Вест хем обезбедија европски финалиња, но ќе почекаат да го добијат својот противник. Рома одигра 0:0 на гости кај Баер Леверкузен за да ја одбрани домашната 1:0 победа за пласман во финалето на Лига Европа, и сега ќе ги почека Севилја и Јувентус, кои идентично како во првиот меч одиграа 1:1 по 90 минути.

Во Конференциската лига па, Вест хем во финишот со голот на Форналс дојде до 1:0 победа на гости кај АЗ Алкмар и со домашната 2:1 победа влезе во финалето, додека Фиорентина има 2:1 на гости кај Базел за да ја елиминира предноста на швајцарскиот клуб, за да примора продолженија.

На „Рамон Санчез Писхуан“, во првото полувреме Севилја сметаа дека се оштетени кога не беше досуден пенал за очигледен фаул, а потоа голот на Адриен Рабио беше поништен. Во второто полувреме, Душан Влаховиќ ги донесе Јуве во водство во 65. минута со убав гол, но Севилја успеаја да вратат во 72. минута, кога Сусо постигна фантастичен гол од далечина.

За Фиорентина, Нико Гонзалез постигна два гола за Фиорентина да успее да ја поништи предноста на Базел за да продолжи акцијата.

ЛИГА ЕВРОПА, 1/2 ФИНАЛЕ, 2.МЕЧ
Баер Леверкузен – Рома 0:0, прв меч 0:1, вкупно 0:1
Севилја – Јувентус 1:1, прв меч 1:1, вкупно 2:2

КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА ЕВРОПА, 1/2 ФИНАЛЕ, 2.МЕЧ
АЗ Алкмар – Вест хем 0:1, прв меч 1:2, вкупно 1:3
Базел – Фиорентина 1:2, прв меч 2:1, вкупно 3:3

Scroll to Top