Top Sport

(Видео) Њукасл со нервозна победа над Брајтон на чекор од Лигата на шампиони

Њукасл јунајтед на Еди Хау се на чекор до обезбедување место во Лигата на шампионите по нервозната 4:1 победа над Брајтон, продолжувајќи ја фантастичната прва сезона под водство на новите саудиски газди.

На две кола до крајот на шампионатот, Њукасл се трети со 69 поени, три пред Манчестер јунајтед (со три меча до крајот) и четири пред Ливерпул, додека во исто време Брајтон остануваат шести со 58 поени, така што ќе се борат за место кое води во Лига Европа.

Њукасл дојдоа во водство во 22. минута кога по еден корнер, Дениз Ундав ја смести топката во сопствената мрежа, за во финишот на полувремето, Ден Брн да зголеми на 2:0. Брајтон не беа подготвени да се предадат и Ундав се оправда за автоголот во 51. минута од мечот намали на 2:1, но до крајот на мечот, гостите не успеаја да изборат барем реми, пред да се „распаднат“ во финишот на мечот – Калам Вилсон во 88. минута зголеми на 3:1, пред Бруно Гимараеш во 91. минута да стави точка на натпреварот.

Scroll to Top