Top Sport

Мурињо: Неправда, Тејлор судеше како да е Шпанец

Рома, синоќа во Будимпешта не успеа да го освои трофејот во Лига Европа. „Волчицата“ финалето од Севилја го загуби на пенали со 4:1. По повеќе од 120 минути борба на теренот резултатот беше 1:1.

Жозе Мурињо го загуби своето прво европско финале во кариерата. По натпреварот Португалецот беше тажен и лут.

Тој беше многу директен кога го обвини судијата Ентони Тејлор дека „суди како Шпанец“.

„Па, судијата очигледно беше Шпанец, Ламела требаше да добие жолт картон (втор). Не му даде црвен, па тој играч доаѓа и реализира пенал. Реков или ќе излеземе одовде со пехарот или ќе заминеме мртви. Па, изгледа дека сме мртви. Мртви изморени физички, психички и затоа што мислиме дека ова беше неправеден пораз со многу инциденти за кои можеме да дискутираме. Мртви сме, но горди. Секогаш велам дека можеш да загубиш натпревар, но никогаш гордоста и професионализамот. Победив пет европски финалиња, го загубив ова, но се враќам дома погорд од кога било. Момците дадоа сè оваа сезона“, изјави Мурињо.

Поразот тешко му падна, па по прес-конференцијата го чекал судијата Тејлор на паркингот пред стадионот за да му каже што мисли.

Не го интересираше сребрениот медал, веднаш по мечот му го подари на млад гледач.

Потоа тој ги отфрли гласините дека веќе договорил се со Пари Сен Жермен.

„Одам на одмор во понеделник. Ако дотогаш има време да разговарам со луѓе од Рома, добро. Ако не, ќе одам на одмор и ќе видиме. Морам да се борам за овие момци. Јас сум сериозен човек, пред неколку месеци им кажав на сопствениците дека ако има контакти со други клубови тие ќе бидат први што ќе дознаат. Секогаш сум бил директен и искрен. Во декември имав понуда од Португалија, оттогаш немав контак со никој друг. Имам уште една година од договорот со Рома“, заклучи Мурињо.

Scroll to Top