Top Sport

Мурињо од следната сезона на Фенербахче?

Фенербахче ќе испрати понуда до Жозе Мурињо. Турските медиуми пишуваат дека великанот од Истанбул тргнал во офанзива за да го донесе на својата клупа славниот португалски тренер.

„Нексус Спорт“, пишува дека се е договорено и дека Мурињо веќе наводно испратил список со играчи кои сака да ги доведе следната сезона за конечно да му ја врати на Фенер шампионската титула во Турција.

Мурињо беше отпуштен од Рома во средината на јануари оваа година и оттогаш е без работа. Со Римјаните ја освои Конференциската лига во 2022 година, а лани го загуби финалето на Лига Европа од Севиља.

Португалецот со своите тимови двапати ја освои Лигата на шампионите, со Порто во 2004 година и со Интер во 2010 година. Во кариерата од клупата ги водеше и Челзи, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и Тотенхем.

Scroll to Top