Top Sport

Мурињо сака да се врати на „Олд Трафорд“

Жозе Мурињо, кој неодамна доби отказ од Рома, сака да се врати во Манчестер јунајтед, тврди британски „Дејли мејл“.

Повикувајќи се на извори блиски до Мурињо, „Дејли мејл“ пишува дека Португалецот верува дека има незавршена работа на „Олд Трафорд“ по заминувањето во декември 2018 година.

Мурињо го презеде Јунајтед во 2016 година откако со клубот се раздели Луј ван Гал. Во првата сезона ја освои Лигата на Европа и Карабао купот, а во следната заврши на второто место во Премиер лигата зад недопирливиот Манчестер сити. Тој имаше договор до 2021 година, но по серијата лоши резултати доби отказ.

Јунајтед сезонава е во голема криза, се наоѓа на деветтото место во Премиер лигата и има 16 бода помалку од лидерот Ливерпул. Британските медиуми сметаат дека тренерот Ерик тен Хаг наскоро би можел да добие отказ.

Scroll to Top