Top Sport

Мурињо: Три победи по ред не се рај, затоа што доаѓа пораз, три порази по ред не се пекол, ќе има и победи

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, ги релативизира сериите на победи и порази.

– Победувате три натпревари по ред, но тоа не е рај затоа што доаѓа пораз. Губите два или три натпревари по ред, тоа не е пекол, затоа што ќе го надминете овој период и повторно ќе победите, изјави Мурињо.

Рома овој месец има три победи на три натпревари. Во Серија А совладани беа Фросиноне (2:0) и Каљари (4:1), додека во Лигата на Европа, швајцарски Сервет (4:0).

Победничката октомвриска серија на „Римската волчица“ може да продолжи утре за кога е закажан натпреварот со Монца (12:30 часот).

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');