Португалецот Жозе Мурињо вечерва би можел да се збогува со Рома. Според италијанските медиуми, тој донел одлука и по две години ќе го напушти Рим. Мурињо има договор за уште една сезона, но не е задоволен од односот со семејството Фридкин, поточно од нивните вложувања во тимот.
Мурињо тоа го кажа низ редови и во изјавата пред финалето со Севилја.
„Немаме ист буџет, Севилја има посилен тим, ние сме семејство, но имаме играчи кои играа во втората лига до оваа година“, вели Португалецот, кој сонува за повторување на 2010 година, кога го освои европски трофеј и потоа си замина од Интер.
Сега би можела да следи реприза, сѐ уште се зборува за Пари Сен Жермен, што би било враќање на големата сцена за Мурињо. Наводно не сакал да преговара пред финалето, фокусиран е на Рома, да го донесе вториот европски трофеј во низа.
Тој нема да ја води Рома на последниот натпревар од Серија А бидејќи е суспендиран.