Top Sport

Седлоски заминува од клупата на Влазнија?

Македонскиот фудбалски тренер Гоце Седлоски би можел да си замине од албанскиот клуб Влазнија после само три месеци, иако успешно го финираше првенството и го одведе тимот до настап во Европа за следната сезона. Сепак, албанските медиуми пишуваат дека раководството на Влазнија е на мислење како Седлоски не е вистински избор за клупата на овој тим.

Влазнија сака да ја искористи клаузулата во договорот според која едната од двете страни може да ја раскине соработката во летниот период.

Седлоски ја почна минатата сезона на клупата на Шкупи, а во текот на сезоната двапати замина од Чаир. На крајот ја прифати понудата на Влазнија заедно со својот асистент Тони Мегленски и имаше успех.

 

Scroll to Top