Top Sport

Мурињо во автобус ќе го гледа дербито на Интер и Рома

Интер и Рома во недела од 18 часот на Сан Сиро ќе го одиграат дербито од 10.коло во Серија А.Интер во игра влегува како водечки тим во лигата со бод повеќе од Милан, додека Рома е само на седмото место, осум бода заостанување. Покрај тоа, Римјаните во недела ќе останат без Жозе Мурињо.

Тренерот на Рома доби црвен картон во последното коло против Монца (1:0), кога длабоко во судиското надополнување го испровоцира гостинскиот тренер. Поради исклучувањето, тој не може да биде на клупата на еден натпревар, но Португалецот нема да биде ниту на трибините на Сан Сиро, пишува Gazzetta dello Sport.

Тоа не е прв црвен картон за Мурињо во Рома и веќе има искуство да го гледа натпреварот од други локации. Кога Рома игра дома, а Мурињо има црвен картон, тој го гледа натпреварот од шеснаесетникот или дури и со пресот. Меѓутоа, кога се во прашање натпреварите на гости, практиката е поинаква.

Мурињо беше исклучен и пред минатосезонското дерби со Интер на Сан Сиро. Тој за време на натпреварот не бил на стадионот, но го следел натпреварот во клупскиот автобус пред соблекувалните, а Газета пишува дека така ќе биде и во недела. Мурињо ќе добиеше топло добредојде на Сан Сиро бидејќи ја освои тројната круна со Интер во 2010 година, но реши да не присуствува на натпреварот.

Scroll to Top