Top Sport

Мустафи се прости со Озил: Брату, не ти помогнавме кога требаше

Шкодран Мустафи очигледно смета дека Арсенал многу погрешиле со случајот со својот близок пријател Месут Озил, кој е пред потпис со Фенербахче откако го раскина договорот со „топчиите“ бидејќи беше „замрзнат“ од март од страна на менаџерот Микел Артета.

Навивачите на Арсенал се подолени околу однесувањето кон Озил, но Мустафи е верен на поранешниот соиграч од германската репрезентација со емотивна порака на социјалните мрежи.

„Брату, ти беше најнесебичниот играч на теренот и надвор од него, секогаш кога делев соблекувална со тебе. Ќе бидеш запаметен како крал на асистенциите, но за жал ние како тим не успеавме да ти асистираме кога ти требавме најмногу. Се најдобро“, напиша Мустафи.

Scroll to Top