Фудбалскиот второлигаш Охрид треба да плати глоба од 20.000 евра поради инцидентите кои се случиле на натпреварот против Вардар (0-0) во Втората лига Запад. Министерството за внатрешни работи испорачало платни налози за штетите и за предизвиканите проблеми.
Охриѓани се санкционирани според Законот за спречување на насилство на спортските терени, пред се затоа што клубот не обезбедил доволен број редари на трибината со гостински навивачи, а обезбедувањето не успеало да спречи инцидент меѓу навивачката група „Комити“ и другиот дел од публика на стадионот.