Top Sport

Дошол во Америка со 50 долари в џеб, а сега ќе го купува Челси

Технолошкиот магнат Вивек Ранадив, кој е сопственик на НБА тимот Сакраменто Кингс, е нов кандидат за купување на англискиот премиерлигаш Челси. Тој е подготвен да достави понуда за купување на клубот, но засега не сака јавно да зборува за тоа.

„Како тинејџер дојдов од Индија во Бостон со 50 долари в џеб. На Америка и должам сè“, изјави Ранадив во една можност.

Сиромаштијата не го спречи да стане милијардер. Се здобил со дипломи од Харвард и од МИТ, а во 1990-тите веќе ја создал компанијата „Tibco“, која сега има вредност од 700 милиони долари. Тој исто така се пофали дека поранешниот американски претседател Барак Обама го поканил да оди со него во посета на Индија.

Доколку успее да ја даде најдобрата понуда и да го купи Челси, Ранадив ќе стане првиот човек со индиско потекло во историјата кој ќе биде сопственик на клубот од англиската Премиерлига. Тој ја презеде контролата над Сакраменто Кингс во 2013 година.

Рускиот тајкун Роман Абрамович најави дека ќе го продаде Челси една недела по почетокот на руската инвазија на Украина. Челси е еден од највредните фудбалски клубови во светот и се проценува дека вреди околу 3,35 милијарди долари.

Scroll to Top