Top Sport

МВР бара 20.000 евра глоба од ФК Охрид за инцидентите на мечот со Вардар

Фудбалскиот второлигаш Охрид треба да плати глоба од 20.000 евра поради инцидентите кои се случиле на натпреварот против Вардар (0-0) во Втората лига Запад. Министерството за внатрешни работи испорачало платни налози за штетите и за предизвиканите проблеми.

Охриѓани се санкционирани според Законот за спречување на насилство на спортските терени, пред се затоа што клубот не обезбедил доволен број редари на трибината со гостински навивачи, а обезбедувањето не успеало да спречи инцидент меѓу навивачката група „Комити“ и другиот дел од публика на стадионот.

Scroll to Top