Горан Пандев на аукција го стави дресот во кој го одигра 100 натпревар за репрезентацијата на Македонија.
Пандев собраните средства ќе ги донира на болницата „8 септември“ во Скопје.
„Овој свет дрес од мојот стоти настап за мојата Македонија решив да го донирам и да помогнам во борбата со КОВИД-19…Со донирање на 5 или повеќе евра заедно да помогнеме на болницата „8 септември“ во Скопје“, пишува по приложеното видео на Инстаграм профилот на Пандев.
Горан Пандев е рекордер во националниот тим според бројот на настапи (108) и бројот на постигнати голови (34).