Борусија Дортмунд не успеа да одговори на вчерашната победа на Баерн Минхен, одигрувајќи само 1:1 на гостувањето кај незгодниот Келн за да остане на шест поени зад Баварците во борбата за титулата во Бундеслигата на само седум кола до крајот.
Домаќините Келн пред стартот на мечот се погрижија да се прати порака за мир во Украина, обележувајќи го центарот на теренот во интернационалниот знак за мир.
The center circle for Cologne vs. Dortmund has become a peace symbol ☮️ pic.twitter.com/lxakhCwjHv
— FOX Soccer (@FOXSoccer) March 20, 2022
А работите почнаа одлично за „милионерите“ – Џуд Белингам со фантастична асистенција го пронајде Мариус Волф за водство веќе во седмата минута од мечот на „Рајненерги“. Домаќините одговорија во 36. минута, кога по убаво изработена акција, Себастијан Андерсен израмни на 1:1.