Top Sport

На Челси му се заканува пропаст, ќе го преземат ли Американците навреме?

Судбината на англискиот премиерлигаш Челси и понатаму е неизвесна, тврдат медиумите на Островот. Се чинеше дека се е готово со преземањето на Челси од американските сопственици за речиси 5 милијарди евра. Клубот ја објави продажбата преку своите официјални канали, но како што пренесува „Скај њуз“ целата зделка е под голем под знак прашалник.

Имено, британската влада бара од Роман Абрамович сертификат каде по продажбата ќе завршат околу 3 милијарди евра. Рускиот сопственик ги дал своите гаранции, но англиските власти не се сигурни во тоа и сега продажбата се одложува. Се шпекулираше дека парите ќе бидат донирани во хуманитарни цели, за обнова на разурнатите делови на Украина.

Најголем проблем е што клубот мора да добие нови сопственици до крајот на мај, во спротивно нема да добие лиценца и ќе биде исфрлен од Премиер – лигата.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');