Фудбалскиот клуб Милан денеска преку соопштение ја информираше јавноста за тоа дека генералниот директор на „Росонерите“, Иван Газидис боледува од рак на грлото.
Од „црвено-црниот“ табор изразуваат увереност дека Газидис ќе успее да се избори со тешката болест.
„Милан информира дека на нашиот извршен директор Иван Газидис му е дијагностициран рак на грлото. По многуте тестови и испитувања, докторите очекуваат дека тој ќе се избори со болеста. Иван ќе продолжи да ја извршува функцијата се додека трае неговото лечење во специјалната клиника со полна поддршка од сите во клубот“ – се вели во соопштението од клубот.
? BREAKING: Milan announce that club CEO Ivan Gazidis has been diagnosed with throat cancer and will remain operational during the necessary treatment in specialized clinics pic.twitter.com/Xtdw3NVKQD
— Milan Eye (@MilanEye) July 20, 2021
Газидис, кој во минатото беше извршен директор на лондонски Арсенал, е убеден дека ќе ја победи болеста.
„Јас имам лекувана форма на рак и позитивна дијагноза, имам медицинска експертиза од светска класа и поддршка од целиот клуб, па убеден сум дека после сите совети успешно ќе се излекува ракот со целосно закрепнување. Мојата дијагноза покажува од важноста за редовни лекарски прегледи, дури и кога нема симптоми. Ги охрабрувам сите за редовни контроли зашто здравјето секогаш е приоритет“ – изјави тој.