Top Sport

На Ѕампарини му беше доста – Палермо на продажба, ќе си оди ли Несторовски?

Иако се на чекор до враќање во Серија А, контроверзниот сопственик на Палермо, Маурицио Ѕампарини си даде оставка од бордот на клубот и го постави тимот на продажба.

Ѕампарини минатата недела го отпушти тренерот Бруно Тедино и го донесе на негово место Роберто Стелоне, иако клубот беше на второто место во Серија А. Сега, Палермо е на четвртото место, но остануваат на два поени од место кое автоматски носи во елитата зад Емполи.

Палермо потврди дека Ѕампарини си поднел оставка од позицијата генерален директор и ќе биде заменет од адвокатот Андреа Бетини кој ќе треба да ја надгледува „продажбата на акциите на идните сопственици“.  Ѕампарини подолго време се обидува да го продаде Палермо, но неколку преземања пропаднаа во последен момент.

Ќе видиме какво влијание ќе има оваа одлука на иднината на македонските репрезентативци во овој клуб, Александар Трајковски и Илија Несторовски, откако Несторовски беше поврзуван со трансфер во Џенова ова лето.

Џенова сака Македонци! По Пандев, следната цел е Несторовски

Scroll to Top