УЕФА, на селекторите на репрезентациите кои ќе учествуваат на ЕУРО 2020, им дозволи да пријават 26 фудбалери за турнирот. Поради густиот распоред и големите напори на кои се изложени фудбалерите, УЕФА донесе одлука да го зголеми бројот на фудбалери од 23 на 26.
Селекторите на овој начин добија повеќе маневарски простор за тимот нормално да може да функционира, во случај поединци да бидат заразени со вирусот.
Оваа одлука на УЕФА ќе стане официјална кога ќе ја потврди Извршниот одбор.
Македонија на ЕУРО 2020 ќе игра против Австрија (13.јуни, Букурешт), Украина (17.јуни, Букурешт) и Холандија (21 .јуни, Амстердам).