Top Sport

Извлечени двојките за полу-финалето во Купот

Денес во просториите на Ракометната федерација на Македонија беа извлечени полу-финалните двојки, во Купот на Македонија, во машка и женска конкуренција.

Кај мажите пласман во полу-финалети изборија Вардар 1961, Еурофарм Пелистер, Бутел и Металург.

Ждрепката одреди во полу-финалето да играат Металург против Вардар 1961 и Бутел против Еурофарм Пелистер.
Овие натпревари ќе се одиграат на 14.мај, а два дена подоцна ќе се одигра финалниот натпревар.

Во женска конкуренција во полу-финале обезбедија екипите на: Вардар, Металург, Куманово и Чаир.

Во полу-финалето на 15.мај ќе играат Вардар и Чаир, односно Металург и Куманово, наредниот ден ќе се одигра финалето.

Извор/macedoniahandball.com.mk

Scroll to Top