Top Sport

На Гвардиола му е виновна топката

Пеп Гвардиола не можеше да разбере зошто Манчестер сити не можеше да постигне гол во регуларниот дел против Вулверхемптон во Лига купот, што го имаше можеби најнеоригиналниот изговор за лошата игра – топката, која била прелесна.

Сити на пенали ги мина „волците“ за пласман во четврт-финалето.

„Топката навистина беше неприфатлива за играње на ова ниво. Ние играме со поинаква топка. Не е ‘Најк’, не е ‘Адидас’, не знам се работи за друг бренд. Неприфатливо е да се игра со ваква топка, бидејќи тоа не е сериозна топка за професионален фудбал. Не го велам ова само како изговор – победивме и велам дека не е ОК“, вели Гвардиола.

Шпанскиот стратег не застана тука, и продолжи да зборува за топката!

„Ова е за маркетинг, за пари, за многу причини. Тоа е ОК, но не е прифатливо да се игра со таа топка. Без тежина, без ништо. Ние добиваме топки за еден или два дена, но топката е лоша два дена, еден месец, една година. Ако е лоша, тогаш е лоша. Топката е неприфатлива и сите играчи се жалат. Навистина ми жал, но така е“, додаде Гвардиола.

Scroll to Top