Мечот на Англија против Исланд од Лигата на нации на УЕФА е неизвесна, откако британската влада воведе нови ограничувања за пристигнувања од Данска. Рестрикциите се воведуваат поради новиот подтип на корона вирус кој се пренесувал од визон на луѓе.
Исланд ќе игра со Данска во Копенхаген три дена пред да гостува на Англија на „Вембли“ на 18 ноември и Фудбалската асоцијација (ФА) бара објаснување од владата дали правилото ќе важи за елитните спортисти.
Протокоот на УЕФА за заштита од корона вирусот вели дека интернационалните мечеви дозволуваат презакажување на меч ако тоа е потребно. Новото правило на Британија може да претставува и проблем за данските фудбалери во Премиер лигата кои би настапиле за својата репрезентација – Каспер Шмајхел (Лестер), Јонас Лосл (Евертон), Андреас Кристенсен (Челси), Јаник Вестергард (Саутемптон) и Пјер-Емил Хојбјерг (Тотенхем), кои се во составот на данската репрезентација.