Top Sport

Речиси цел кошаркарски тим на Звезда е позитивен на коронавирус

Откако денеска беа направени ЦПР тестови во кошаркарскиот тим на Црвена звезда, практично сите кошаркари, заедно со тренерот Дејан Радоњиќ се позитивни на КОВИД-19.

Листата на позитивни е следна: тренерот Дејан Радоњиќ, неговиот помошник Горан Бошковиќ, асистентот Никола Бирач, како и кошаркарите: Бранко Лазиќ, Лука Митровиќ, Остин Холинс, Нејт Волтерс, Огњен Добриќ, Стефан Марковиќ, Марко Симоновиќ и Мајк Цирбес. Претходно позитивен беше и Никола Калиниќ.

„Со оглед на околностите, клубот наскоро ќе ги објави следните чекори и ќе известува за здравствената состојба на клубот“, велат од Звезда.

Ова значи дека речиси сигурно нема да се одигра мечот од Евролигата во четврток против Фенербахче.

Scroll to Top