Германскиот голман Лорис Кариус сака да ја прекине позајмицата во Бешкиташ и да се врати во Ливерпул по кошмарната сезона во Турција.
Иако местото прв голман во Ливерпул веќе е заземено од Бразилецот Алисон Бекер, Кариус едноставно немал намаера да остане во Бешикташ, каде што пристигна минатото лето по (не)славните грешки во финалето на ЛШ помеѓу Ливерпул и Реал Мадрид.
Според „Туркије газетеси“, 25-годишниот Германец, кој се жалеше кај ФИФА за неисплатените средстваод турскиот клуб, сака да го прекине договорот за позајмица, откако и тренерот на Бешикташ, Шенол Ѓунеш јавно зборуваше за неговата слаба форма.
Кариус, секако, не смета дека би можел да остане во Ливерпул, туку би сакал враќање во татковината Германија, каде што Ајнтрахт Франкфурт и Фортуна Диселдорф наводно веќе покажале интерес. Бешикташ, од друга страна, би го донел голманот на Фулам, Фабри како можна замена.