Челси ќе гради нов стадион откако градските власти донесоа дозвола на сите проекти чии рок за почетокот на реализација им истече додека траеше пандемијата да го продолжи до март 2021 година.
Дозволата која Челси ја доби од властите во 2017 година, истече на 30 март оваа година, кога веќе беа воведени вонредните мерки.
Според англиските медиуми Челси во проектот ќе вложи милијарда фунти. Покрај во стадионот клубот ќе вложи и во уредување на квартот каде што се наоѓа „Стенфорд Бриџ“.
Планот на Роман Абрамовиќ бил стариот стадион да се биде урнат, а на неговото место да се изгради стадион со капацитет од 60.000 седишта.
Додека траат градежните работи Челси своите натпревари би ги играче на „Вембли“.