Top Sport

На Монако му беа потребни два пенали за конечно да победи (видео)

Монако на Тјери Анри, конечно, стигна до третата победа во Лига 1 оваа сезона, откако со два гола од пенал на Радамел Фалкао со 2:0 беа подобри на гостувањето кај Амиен.

Колумбиската ѕвезда првиот гол го постигна во 43. минута со прецизен удар од белата точка, а вториот гол дури во 97. минута.

Ова беше инаку пресметка на два тима кои се борат за опстанок, иако за Монако тоа не беше очекувано. Амиен е претпоследен со 13 поени, а исто толку има и Монако, но поради подобрата гол-разлика е на 17. место.

Scroll to Top