Top Sport

На Мурињо му се брза да го продолжи договорот со Рома

Жозе Мурињо сака бргу да ги дознае плановите на Рома околу продолжувањето на неговиот договор, откако наводно се сретнал со газдата на клубот, Ден Фридкин во Португалија во четвртокот, тврди „Кориере дело спорт“.

Мурињо има договор со Рома до 2024 година, но сака да ги знае долгорочните планови на американските сопственици, откако Фридкин пристигна со приватен авион во Португалија.

Директорите на Рома во моментов се зафатени со преодниот рок, обидувајќи се да инкасираат 30 милиони евра до крајот на месецот за да ги исполнат правилата за финансискиот ферплеј. Весникот твррди дека Рома имаат финансиски проблеми и дека прво сакаат да ги решат пред да му понудат нов долгорочен договор на Португалецот, кој пак бара гаранции за поголеми засилувања во иднина.

Scroll to Top