Top Sport

Данева и Симева ја потврдија 3:0 победата над Молдавија

Македонската женска тениска репрезентација ги заврши натпреварите по групи во Третата европска зона во Били Џин Кинг купот, победувајќи ја Молдавија со 3:0, за сега да го чека противникот во финалето од ддуелот помеѓу Луксембург и Ерменија.

Магдалена Стоилковска со 7:6(5)/7:5 беше подобра од Даниела Чобану, за Лина Ѓорческа со 7:5/6:3 да биде подобра од Екатерина Вишневскаја за недостижно 2:0 водство, пред Ива Данева и Александра Симева исто така во два сета, со 6:3/7:5 да ги совладаат Лиа Белибова и Арина Гамреткаја.

Фото: ТФМ

Scroll to Top