Top Sport

На Нејмар ќе му биде скратена платата за речиси 1.5 милиони евра месечно!

Скапо платените фудбалски ѕвезди на Пари Сен-Жермен ги очекува кратење на платите од фантастични 50 отсто, со што Нејмар на пример ги загубил 340.000 евра неделно!

Француската лига и клубовите во неа живеат со тешките економски последици по паузирањето на шампионатот, а ТВ-мрежите „Канал плус“ и „БеИн спортс“ одбиваат да ги исплатат парите за април бидејќи е сигурно дека нема да фудбал во април.

Според „ЕСПН“, Францускиот синдикат на фудбалери (УНФП) во соработка со Министерството за финансии донело одлука за привремено намалување на платите на професионалните фудбалери. Со оваа мерка, фудбалерите кои заработуваат помеѓу 10 и 20 илјади евра би добиле 20 отсто намалување на платата, тие од 20 до 50 илјади евра 30 отсто помала плата, но тие кои земаат над 100.000 евра месечно би добиле 50 отсто помала плата.

Пари Сен-Жермен е во сопственост на супер-богатата компанија Катар спортс инвестментс (КСИ), и нивните фудбалери се убедливо најплатените во Франција – според „Л’Екип“, Нејмар заработува неполни 3 милиони евра месечно во француската престолнина, или 680.000 евра неделно. Неговиот соиграч, 21-годишниот Килијан Мбапе е најблизок со 425.000 евра неделна плата, а во топ 11 најдоброплатените фудбалери во Франција сите се членови на ПСЖ.

Единсон Кавани, Маркињос, Тијаго Силва, Марко Верати, Анхел ди Марија и Кејлор Навас заработуваат милион евра месечно, додека потоа следува Висам Бен Једер, кој добива 360.000 евр месечно.

Scroll to Top