Top Sport

На Нејмар му беше далеку Стразбур да ја прослави титула на ПСЖ, па се појави во Монако

Навивачите на Пари Сен-Жермен повторно го „отпишаа“ Нејмар, бесни дека тој не присуствуваше со неговиот тим вчера кога ја освоија титулата во Стразбур, а денеска беше посебен гостин на тимот на Ред бул рејсинг на Ф1 трката во Монако.

Тренерот на ПСЖ, Кристоф Галтие го бранеше Нејмар вчера по освојувањето на титулата (по кое сите играчи добија слободен ден), велејќи дека „долгиот пат“ од Париз до Стразбур (400 километри) не бил препорачан поради неговата повреда.

Долгиот пат (од 650-тина километри) заврши очигледно во Монако, каде што како партнер на компанијата „Ред бул“ беше посебен гостин на тимот заедно со Том Холанд, актерот најпознат по улогата на Спајдермен.

Scroll to Top