Top Sport

Хачанов ја доби првата „класика“ на Ролан Гарос, Циципас се намачи со Весели

Стефанос Циципас беше на чекор до лесна победа, но на крајот се намачи со Јан Весели во првото коло на Ролан Гарос, додека Карен Хачанов и Хуберт Хуркач ги добија првите долги битки во пет сета на гренд слемот во Париз.

Циципас прво релативно ги освои првите два сета, за потоа Весели да го искористи неговиот пад во концентрацијата да намали на 2:1 во сетови, за во четвртиот по тај-брејк да стигне до 7:5/6:3/4:6/7:6(7) победа.

Хачанов, кој е 11. носител во Париз, се врати од два сета негатива за 3:6/1:6/6:2/6:1/6:3 победа над Французинот Констан Лестиен за да обезбеди меч со квалификантот од Молдавија, Раду Албот. Во првиот вистински „маратон“ на терените на Ролан Гарос, Хачанов, кој има две гренд слем полуфиналиња во низа, ги искористи проблемите со повредата на Французинот во средината на мечот за да стигне до победа, седми пат поминувајќи го првото коло во Париз.

Следен за него е Албот, кој со 6:3/6:2/4:6/6:1 го совлада Американецот Патрик Кипсон.

Во пет сета помина и 13. носител, Полјакот Хуберт Хуркач, кој со 6:3/5:7/6:4/2:6/6:4 беше подобар од Белгиецот Давид Гофан во дуел на двајца поранешни топ 10 тенисери.

Scroll to Top