Top Sport

На „Ноу Камп“ без голови, пред стадионот драматично: Оган и барикади! (видео)

Додека фудбалските фанови се подготвуваа да го гледаат еден од најголемите мечеви на светот, дуелот на вечните ривали Барселона и Реал Мадрид, пред „Ноу Камп“ беше подраматично, откако имаше судири на зглогласните ултраси на Барса, „Боичос Ноис“ и политичката група за каталонска независност „Цунами демократик“.

Според „Марка“, триесетина членови на ултрасите се судриле со поголемиот дел од протестантите кои најавија блокада на мечот, по што се фрлале пивски шишиња, а „Боичос Ноис“ биле пречекани со извици „Заминете фашисти“. По ова интервенирала локалната полиција.

Scroll to Top