Top Sport

Роналдо скокна 71 сантиметар и беше цела секунда во воздух: Сега се чувствувам одлично!

Кристијано Роналдо ги уверува навивачите на Јувентус дека сега сите грижи со повредите се зад него и дека е подготвен да помогне „старата дама“ да освојува титули, откако постигна фантастичен гол против Сампдорија.

ЦР7 скокна неверојатни 71 сантиметар од земјата по нафрлањето на Алекс Сандро за да го постигне победничкиот гол за 2:1 триумф. Беше пресметано дека тој стигнал до 2.56 метри со скокот и дека бил во воздух цела секунда.

„Не го знаев тоа, навистина. Прездаволен сум од резултатот, бидејќи беше тежок натпревар, а Сампдорија играа многу добро. Целиот тим покажа вистински однос кон мечот. Голот беше убав и среќен сум што можам да помогнам. Имав проблеми со коленото цел месец, но тоа е минато и сега се чувствувам добро. Сакам да помогнам да победуваме на мечеви и да освојуваме титули“, вели Роналдо во интервју за „Скај спорт Италија“ по мечот со Сампдорија.

ЦР7 со натчовечки скок го врати Јуве на врвот (видео)

Scroll to Top