Top Sport

На ова ли спадна Барса? Загубија од Реал па објавија видео со порака „гордост во пораз“!

Дел од навивачите на Барселона реагираа со разочарување откако официјалниот Јутјуб канал на каталонскиот гигант ги објави најдобрите моменти од вчерашниот 2:3 пораз од Реал Мадрид во полуфиналето на Суперкупот на Шпанија со наслов „Гордост во пораз“.

Во „Ел класико“ во Саудиска Арабија, Барселона двапати се враќаше од негатива за 2:2 по регуларните 90 минути, пред Федерико Валверде во продолженијата да ги однесе „кралевите“ во полуфинале.

Сепак, за тим со репутација на Барселона, малку е невообичаено да се наоѓа гордост во пораз, посебно од својот најлут ривал.

Scroll to Top