Точно на пладне во Нион, ќе биде извршена ждрепката за осмина-финалето во Лигата на шампионите. Пласман во нокаут-фазата изборија 16 екипи, на ждрепката ќе бидат поделени во две групи, носители или неносители.
Статус на носители имаат победниците на групите: Ајакс, Баерн Минхен, Јувентус, Ливерпул, Лил, Манчестер јунајтед, Манчестер сити и Реал Мадрид.
Преостанатите тимови се: Атлетико Мадрид, Бенфика, Челси, Интер, ПСЖ, Салцбург, Спортинг Лисабон и Виљареал.
Екипи од иста земја нема да можат да играат меѓусебе во осмина-финалето, исто така не можат да играат тимовите кои беа во иста група.
Домаќини во првите натпревари ќе бидат неносителите.
Првите натпревари на програмата се на 15 и 16., односно 22. и 23.февруари, а реваншите ќе се одиграат на 8. и 9., односно 15. и 16.март.
Сите натпревари ќе се играат во терминот од 21 часот.
По ждрепката за ЛШ, од 13 и 14 часот ќе бидат извлечени осмина-финалните двојки во Лига Европа и Конференциската лига.