Top Sport

„На Рајола му кажав дека Халанд ќе остане кај нас“

Спортскиот директор на Борусија Дортмунд, Михаел Цорк, рекол дека планира Ерлинг Халанд уште долго да остане во клубот, иако неговиот менаџер преговара со Барселона и Реал Мадрид.

Мино Рајола и Алф-Инге Халанд, вчера во Барселона и Мадрид, имаа разговори со првите луѓе на Барса и Реа, Џоан Лапорта и Флорентино Перез.

„Разговарав со Рајола. Му ги презентирав нашите планови. Ние имаме поинаков план со Ерлинг. Не сакаме да се занимаваме со шпекулации. Планираме уште долго да биде во нашиот клуб“, рекол Цорк.

Халанд има клаузула во договор, која вели дека во 2022 година неговата цена изнесува 70 милиони евра. ЕСПН неодамна објави дека ова лето Борусија за него ќе бара 180 милиони евра.

Норвежанецот, во јануари 2020 година се пресели во Дортмунд од Салцбург. За „милионерите“ има одиграно 49 натпревари, постигнал исто толку голови.

Scroll to Top