Челниците на Рапид од Букурешт кренаа „голема прашина“ во романслата јавност поради трансфер на фудбалер од Косово.
Тимот од главниот град на Романија е во потрага по замена за напаѓачот Марко Дуганџиќ кој си замина од редовите на славниот тим од Букурешт, а како негова замена го таргетираа фудбалеор на Балкани од Косово, Албион Рахмани.
Но, трансферот вреден 700.000 евра нема да се реализира.
Причината е што Романија не ги признава пасошите на Косово, па доколку Рахмани сака да влезе во Романија ќе мора да земе некој друг пасош.
Рахмани минатата сезона во дресот на Балкани имаше неверојатна статистика, на 50 натпревари постигна 30 гола