Top Sport

На Роналдо му пречеле критиките, па се „преселил“ на село

Кристијано Роналдо го напуштил својот семеен луксузен дом во престолнината на Мадеира, Фуншал, за да се пресели во изнајмена куќа во едно рибарско село по критиките кои му беа упатени на социјалните мрежи.

Ѕвездата на Јувентус доби дозвола да остане во Португалија откако неговата мајка имаше мозочен удар, а сезоната во Италија беше откажана на неопределено време, по што времето го поминуваше во својата куќа од седум спрата со девојката Георгина Родригез, неговите деца, неговата мајка и неговите сестри.

Пратеникот во португалскиот парламент, Рафаел Маседо неодамна влезе во остар напад на Роналдо нарекувајќи го „скитник“ откако се појави фото на кое Роналдо и Георгина ги носат своите деца на прошетка во градот. Подоцна, Маседо се правдаше дека неговиот акаунт на Инстаграм бил хакиран и дека никогаш не би користел такви зборови за „нашиот ЦР7“.

Според португалските медиуми, Роналдо бил навреден од ваквите коментари и решил да се пресели во изнајмена куќа во рибарското село Канисал на источниот брег на островот Мадеира. Тој исто така верувал дека неговите деца се „стиснати“ во затворената куќа во Фуншал, и дека имаат повеќе простор за рекреација.

„Тој сметаше дека му е потребен простор, дека малку се ’задушени’ внатре. Куќата е со голема градина и поголема приватност. Кристијано е навикнат на тивок живот“, вели извор близок до Португалецот за весникот „Корејо да мања“.

 

View this post on Instagram

 

My beautiful training partner!??‍♀️?? #stayactive #stayhome

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on

Scroll to Top