Top Sport

На Сити ќе одземаат по 20 бода и нема да ја види Лигата на шампионите со години?

Наскоро се очекува одлука за казната за Манчестер Сити за кршење на финансиските правила. Каква и да биде казната сигурно ќе следат жалби, па затоа се очекува долг процес.

Во меѓувреме, во јавноста се појавуваат предлози за можни санкции, а еден од нив не вклучува исклучување од лигата, туку мерка што би го спречила клубот да игра во Лигата на шампионите со години, открива „Атлетик“.

Откако порталот објави информации за утврдената вина на клубот минатиот петок, новинарот Адам Крафтон даде детали од разговорот со поранешен висок функционер од Премиер лигата за подкастот на „“Атлетик.

Функционерот го презентираше својот предлог за санкции уште во 2023 година, кога беше отворена аферата.

„Неговата идеја беше да се одземат 20 до 25 бода од клубот во следните три до пет сезони. Ова практично би им го оневозможило квалификувањето за Лигата на шампионите и, во најдобар случај, би ги оставило на средината на табелата во тој период“, рече Крафтон.

Ова засега е само еден од неофицијалните предлози што се дискутираат. Конечната одлука за казната за Манчестер Сити ќе биде донесена дури по завршувањето на целиот правен процес. Доколку Манчестер Сити биде казнет на горенаведениот начин, тоа би претставувало огромен спортски и финансиски удар.

Сити континуирано игра во Лигата на шампионите од 2011 година, а ја освои во 2023 година. Со тоа што не игра во Лигата на шампионите, би го изгубил престижот да привлекува ѕвезди кои сакаат да играат во најсилното натпреварување.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');