Тренерот на Реал Мадрид, Сантијаго Солари беше лут на судиите и на видео-технологијата (ВАР) откако Реал Сосиедад првпат по 15 години триумфираше на „Сантијаго Бернабеу“ (0:2) во неделата.
Во моментите кога Реал губеа со 1:0 во второто полувреме, бразилскиот тинејџер Винисиус Жуниор падна по стартот на голманот Херонимо Рули во шестнаесетникот, но судијата Хозе Луис Муњуера Монтеро не само што не додели пенал, туку не ја консултираше и ВАР-технологијата.
„Доколку ВАР не се користи за ваков старт, тогаш навистина нема поента на неговото постоење. Сите сме луѓе и правиме грешки, но кога имаш шанса уште еднаш да ги погледнеш доказите и не го правиш тоа, навистина е неразбирливо“, вели Солари.
ВАР технологијата дебитира оваа сезона во Ла лига. За Реал ова е шести пораз оваа сезона и тие се на 10 поени зад лидерите Барселона по 18 кола.
Со Солари се согласи и директорот на Реал, Емилио Бутрагењо.
„Секогаш сакаме да покажуваме почит кон судиите, и го поддржуваме користењето на ВАР, но навистина не го сфаќаме инцидентот. Тоа беше критичен момент во натпреварот. Судијата не мора да е совршен, но ВАР е тука да биде консултиран“, се јави Бутрагењо.
Un penalty valable pour le Real Madrid mais l’arbitre de la rencontre ne siffle rien pour Vinicius #Junior #ElVar #RMARSO #RealMadridRealSociedad pic.twitter.com/CBjwFfHNpO
— ??KooraDzVideos?? (@213footvideo) January 6, 2019
Нов кошмар за Реал! Сосиедад со три поени од „Сантијаго Бернабеу“ (видео)